Кавадарци втора година го спроведува проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите"
- Кавадарци втора година го спроведува проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите", сега опфатени се повеќе деца, подвлече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за медиумите, по средбата со деканот на факултетот за физичка култура и здравје, Влатко Неделковски. Јанчев потсети дека станува збор за подолгогодишен проект.
Кавадарци, 8 мај 2026 (МИА) - Кавадарци втора година го спроведува проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите", сега опфатени се повеќе деца, подвлече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за медиумите, по средбата со деканот на факултетот за физичка култура и здравје, Влатко Неделковски. Јанчев потсети дека станува збор за подолгогодишен проект.
- Минатата година беа опфатени 1750 учениците од второ до петто одделение, а сега околу две илјади деца, од второ до седмо одделение, со тенденција да бидат опфатени сите до деветто одделение - информираше тој.
Проектот се реализира во соработка со универзитетот Свети „Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за физичко образование, спорт и здравје.
Целта на проектот, како што кажаа, е следење на нивниот физички развој и доколку има проблем во физичкиот развој родителите да бидат информирани, а истовремено и целта на оваа активност е да се откриваат и детектираат и спортските предиспозиции кај учениците.
Податоците од мерењата ќе бидат достапни во електонска форма и се достапни за родителите.
Во август лани, на прашање од МИА, Неделковски соопшти дека повеќе од половина од популацијата е во одлична кондиција, имало потхранети но и деца со зголемена килажа, како и дебели деца. Во однос на стандардите и ситуацијата во Европа и регионот, статистички, сме биле тука некаде. Функционалноста, здравствената состојба, срцевосадовиот систем биле во одлична состојба и добра кондиција. Децата можеле да изведуваат физички активности. свд/
Фото: МИА